Emre Gürkan Abay
06 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во врска со планот на САД за признавање на Ерусалим како главен град на Израел истакна: „Во случај да се направи ваков чекор, загрижени сме дека состојбата ќе стане уште покомплицирана“, јавува Anadolu Agency (AA).
Песков во изјава за медиумите потсети дека рускиот претседател Владимир Путин и палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера разговарале околу настаните во последниот период, во врска со статусот на Ерусалим.
Последните настани околу статусот на Ерусалим Песков ги опиша како комплицирани. „Во случај да се направи ваков чекор, загрижени сме дека состојбата ќе стане уште покомплицирана“, додаде тој.
Песков вели дека не сакаат да коментираат многу околу една одлука која сѐ уште не е официјално соопштена.
Руското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека Русија го признава Западен Ерусалим за главен град на Израел, додека верува оти Источен Ерусалим во иднина треба да биде главен град на палестинската држава.