Emel Öz Gözellik
19 Мај 2018•Ажурирај: 19 Мај 2018
ХАВАНА (AA) - Во Боинг 737 кој се сруши недолго по полетување од аеродромот „Хосе Марти" во Хавана на Куба загинаа повеќе од 100 патници, додека три лица преживеале, јавува Anadolu Agency (AA).
Три лица се спасени и превезени во болница каде лекарите им пружаат медицинска помош.
Боинг 737, во сопственост на Кубана де Авиациона, падна веднаш по полетување од аеродромот.
Сведоците на несреќата на новинарите им рекоа дека по падот на на авионот се видел голем облак на црн чад.
Државната кубанска телевизија покасно наведе дека во авионот била посада од странство, како и патници.
Причина за падот на авионот за сега не е позната.