Sayed Khodaıberdı Sadat
13 Февруари 2020•Ажурирај: 13 Февруари 2020
КАБУЛ - Лавина одзеде 21 живот во авганистанската покраина Даиконди, јавува Агенција Анадолија (АА).
Есадулах Сервери, раководителот на Канцеларијата за борба против катастрофи во Даиконди, изјави дека веќе неколку дена врнежите од снег го зафатиле целото подрачје на градот, што предизвикало прекин на сообраќајот до повеќе подрачја.
Сервери информира дека досега на територијата на Даиконди се случиле 31 лавина, во кои животот го загубиле 21 лице, а 10 лица се повредени.
Тој додаде дека во тек се операции за пронаоѓање на 7 лица кои останале затрупани под снежниот нанос.
Сервери истакна дека лавините уништиле 50 дома, а настрадале десетици животни.