Aydoğan Kalabalık
13 Февруари 2020•Ажурирај: 14 Февруари 2020
ТРИПОЛИ - Милициите кои се дел од вооружените сили на Калифа Хафтар, нелегитимниот лидер од источниот дел на Либија, изведоа ракетен напад врз цивилни населени места во главниот град Триполи, при што убија едно лице, а три се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Емин ел Хашим, директорот за информации на Министерството за здравство на Владата на национално единство во Либија (УМХ), која е меѓународно призната, информира дека милициите на Хафтар извршиле ракетен напад врз подрачјето Хадба во Триполи.
Во нападот животот го загубило едно лице, а три се ранети.
Во подрачјето е причинета голема материјална штета.
Последните три дена милициите кои му се приврзани на Хафтар го зголемија интензитетот на ракетните напади врз Триполи. Вчера ракета падна во една кафеана во подрачјето Салахадин во Триполи, при што едно лице почина, а 9 беа ранети. Ракетата што падна во јужниот дел од Универзитетот „Триполи“ рани 5 лица.