Ali Cura
27 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
МОСКВА (АА) - Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во Москва оствари средба со Џон Болтон, советник за национална безбедност на претседателот на САД, Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на руското Министерство за надворешни работи, Болтон, кој се наоѓа во официјална посета на Москва, се сретнал со рускиот министер за надворешни работи, Лавров, а на средбата разговарале за Сирија и Украина.
„(На средбата) Разменети се мислења околу актуелни меѓународни теми, вклучувајќи ја и состојбата во Сирија и во Украина“, се вели во соопштението.
Лавров и Болтон, за време на средбата се осврнале и на билатералните односи.