Maria Elisa Hospita
14 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
МОСКВА (АА) – Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на состанокот со американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека недовербата помеѓу нивните две земји им штети на двете страни, јавува Anadolu Agency (AA).
„Оваа недоверба која помеѓу нас постои сега е штетна и за вашата и за нашата безбедност”, рече Лавров во текот на состанокот кој е одржан во рускиот Сочи.
„Мораме повторно да изградиме доверба на сите нивоа на нашиот дијалог”, рече шефот на руската дипломатија.
Помпео изјави дека дошол во посета на Русија бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп, како што рече, е одлучен во намерата односите на двете страни да се поправат.
„Не сме ривали во однос на сите прашања”, порача Трамп.
Американскиот државен секретар ќе се состане и со рускиот претседател Владимир Путин.
Се очекува Помпео и Путин да разговараат за контрола на нуклеарното вооружување, посебно во врска со Иран и Северна Кореја, но и за кризата во Венецуела и војната во Сирија.