Onur Usta
18 Февруари 2017•Ажурирај: 19 Февруари 2017
ПАРИЗ (АА) -Лидерката на Националниот фронт и кандидатката за претседателка на Франција, Марин Ле Пенсмета дека демонстрациите против полицикото насилство во Франција треба да бидат забранети, јавува Anadolu Agency (AA).
„Додека вонредната состојба трае во нашата земја и додека демонстрациите на систематски начин се претвораат во насилство и омраза, несфатливо е протестите да не бидат забранети” , смета Ле Пен.
Таа додаде дека на демонстрациите биле извикувани слогани против припадниците на безбедносните сили и од официјалните лица побара да донесат одлука за забрана на протестите кои претставуваат голем безбедносен ризик.
Четворица полицајци наводно во предградите на северниот дел на Париз на почетокот од месецот го злоупотребувале и силувале темномурестото младо момче Тео поради што веќе неколку недели низ градот се организираат демонстрации.