Bayram Altuğ
14 Октомври 2016•Ажурирај: 15 Октомври 2016
ЖЕНЕВА (АА) – Портпаролот на Агенцијата на ОН за хуманитарна помош, Јенс Лерке, изјави дека не успеале да достават хуманитарна помош на истокот на Алепо, каде што живеат околу 275 илјади цивили, од кои околу 100 илјади деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјава за АА, Лерке рече дека по прогласувањето прекин на огнот во Сирија, од 13. септември, 40 камиони со хуманитарна помош ја поминале границата Џилвеѓозу кај Хатај, а 20 од нив сѐ уште чекаат на ничија земја, помеѓу двете граници.
Лерке изјави дека дваесетте камиони што ја поминаа границата на крајот од септември, успеаја да ја однесат помошта во Идлиб. „Останатите 20 камиони и по еден месец, и понатаму чекаат, поради тоа што не може да се обезбеди гаранција за сигурност“.
Тој потенцираше дека ОН не успеваат во доставувањето на хуманитарната помош на истокот на Алепо, каде што живеат околу 275 илјади цивили, од кои 100 илјади се деца.
„Свесни сме дека цел свет гледа што се случува во Алепо. И ние гледаме и сме длабоко разочарани. Во секој изминат ден и час, се губат човечки животи. Поради ова, итно треба да се прекинат судирите“.
Во врска со состанокот што ќе се одржи утре во Лозана, меѓу министрите за надворешни работи на Русија, САД, Турција, Саудиска Арабија и специјалниот претставник на Сирија за ОН, Стефан де Мистура, Лерке рече дека освен за поканата на Мистура, не е информиран за агендата на состанокот.
„Ако вака продолжат нападите, најдоцна за два месеца ќе го снема истокот на Алепо и ќе загинат илјадници цивили, а не терористи. Сите ќе бидеме сведоци на ова, ние, вие, целиот свет, додека се подготвуваме да славиме Нова година“, беше изјави Мистура на прес-конференција во Женева минатата недела.