Turgut Alp Boyraz
19 Декември 2017•Ажурирај: 19 Декември 2017
КУДС (АА) - Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, изјави дека Израел е подготвен да ја плати цената на потегот на американскиот претседател Трамп за признавање на Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Знаевме дека постои цена која мора да се плати по одлуката на Трамп за Ерусалим (Кудс). Но, тоа е цената што сме подготвени да ја платиме“, порача Либерман во изјава за израелските медиуми.
Либерман исто така кажа дека Израел знае што, и како треба да стори, и додаде дека најважно е оти знае кога треба да се тргне во акција.
Трамп на почетокот од декември го призна Кудс (Ерусалим) како главен град на Израел, и предизвика остри критики од меѓународната заедница, а особено од исламскиот свет. Синоќа, Советот за безбедност на Обединетите нации гласаше за резолуцијата со која требаше да се потврди правната ништовност на таа одлука, а САД со вето го блокираа изгласувањето. Преостанатите 14 членки гласаа за резолуцијата. Истиот текст на резолуцијата ќе биде на дневен ред на денешното Генерално собрание на ОН, а за усвојување е потребно двотретинско мнозинство.