Mehmet Nuri Uçar,Eshat Fırat
10 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
ГАЗА (AA) - Во текот на денешните протести во Појасот Газа, поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Кудс за главен град на Израел на мета на израелските сили беа екипите на брза помош, новинари и невооружени цивили, соопштено е од палестинското Министерство за здравство во Газа, пренесува Anaolu Agency (AA).
„Фактот дека израелските војници свесно за мета ги земаа екипите на брза помош, новинарите и невооружените цивили е уште еден показател на расизам. Ваквата состојба е отворена закана за меѓународното право", порача гласноговорникот на палестинското министерство Есреф ал-Кудра.
Тој упати повик до меѓународните организации како и организациите за заштита на човекови права да ги зашти екипите на брза помош и невооружените цивили.
Во текот на најмалку шест воздушни напади на израелските сили на Појасот Газа вчера и денеска загинаа најмалку двајца Палестинци. Уште двајца Палестинци загинаа на границата на Газа при интервенција на израелските сили. Повредени се стотици лица.