Mücahit Aydemir
19 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Либиската Армија испрати голем број воени возила западно од градот Сирт, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од извори на либиската Армија, во рамките на конвојот, голем број воени возила пристигнале во градот Ебу Гурејн, западно од Сирт.
Се истакнува дека воените возила се испратени во рамките на операцијата „Патишта на победата“, која започна за ослободување на Сирт и Џуфра, кои се наоѓаат под контрола на милицијата на Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили од истокот на земјата.
Либиската Армија имаше последователни успеси против милицијата на пучистот Хафтар, кој започна напад во април 2019 година за заземање на главниот град Триполи.
Во последните неколку недели, либиската Армија е лоцирана западно од стратешките градови Сирт и Џуфра, со решителна мисија за заземање на овие места од милицијата на Хафтар.