Said İbicioğlu
04 Декември 2020•Ажурирај: 05 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Либија и Италија потпишаа Договор за воена соработка која вклучува и заеднички вежби и заемна размена на искуства, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на прес-службата на либиската операција „Вулкан на гневот“, церемонијата за потпишување на Договорот се одржала во Рим.
„Со Италија постигнавме договор за воена соработка во различни полиња, како воена обука, размена на искуства, поддршка, развој, одржување и консултации“, изјави министерот за одбрана на Либија, Селахадин ен Немруш, за време на церемонијата.
Немруш нагласи дека страните донеле одлука за соработка и на полето на миграциите, копнената и поморската гранична безбедност, уништување на мини и арсенал, како и активности за помош во итни здравствени ситуации и природни катастрофи.
„Договорот, исто така, вклучува заеднички вежби, структурирање на воените и безбедносните институции, како и нивно опремување“, додаде Немруш.
„Во Министерството за одбрана со нашите сојузници Турција и Катар започнаа напорите за развивање на билатералните односи, со цел развивање на способностите со братските и пријателски земји“, нагласи тој, истакнувајќи дека Договорот потпишан со италијанската страна ќе биде проширен и кон сите земји кои стојат покрај Либија.
Инаку, на 27 ноември во 2019 година беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Турција и Либија, со цел развивање на безбедносната и воена соработка помеѓу двете земји.