Mehmet Nuri Uçar
18 Септември 2020•Ажурирај: 18 Септември 2020
ТРИПОЛИ
Владата на Либија побара помош од Обединетите нации (ОН) за одржување на референдум за Уставот во согласност со меѓународните демократски механизми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Врховниот државен совет на Либија, Халид ел Мишри, испрати писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во врска со уставниот процес во Либија.
Мишри во писмото нагласи дека иако нацртот на Уставот бил подготвен пред повеќе од две години, заглавени се во последната фаза која е процесот на референдумот.
Со цел комплетирање на уставниот процес, Мишри побара помош од ОН за одржување на референдум за Уставот во согласност со меѓународните демократски механизми.
Комисијата за подготвување на Уставот која брои 60 члена, е формирана за подготвување нов нацрт за Уставот во Либија. Оваа комисија во јули 2017 година соопшти дека се завршени нацрт-работите кои ќе бидат постојан устав на земјата.