Mahmut Geldi
30 Август 2020•Ажурирај: 31 Август 2020
БЕЈРУТ (АА) - Генералниот секретар на либанскиот Хезболах, Хасан Насрула, тврди дека Американците се обидувале да отворат канали за комуникација со нив, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Американците се обидоа да отворат канали за комуникација со Хезболах“, рече Насрулах во телевизиско обраќање.
„Покрај финансии и позиции, ни понудија и развивање на политичкиот систем во земјата во насока на нашите интереси. Како возврат на тоа побараа да се откажеме од нашата кауза. Ние не го направивме и нема да го направиме тоа“, додаде тој.
Насрула нагласи дека оваа организација на медиумите е изложена на кампањи за оцрнување без преседан, и тврди дека интензивно продолжуваат овие кампањи за нивно оцрнување.
„Некои земји преку мобилизирање на електронските војни за лоши цели се обидуваат да го променат јавниот став против една земја. Амбасадите на странските земји и земјите од Заливот одвојуваат милиони долари за медиумски тела со цел преку лажни вести да го таргетираат Хезболах“, рече лидерот Насрула.