Ali Cura
30 Август 2020•Ажурирај: 31 Август 2020
МИНСК (АА) – Безбедносните сили во Белорусија интервенираа врз демонстрантите кои сакаа да се соберат на плоштадот „Независност“ за да протестираат против резултатите од претседателските избори, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите кои се обидоа да протетираат во главниот град Минск без дозвола, беа спречени од страна на безбедносните сили.
Преземајќи интензивни безбедносни мерки на главните улици и плоштади во градот, безбедносните сили ги растераа големите групи кои доаѓаа од различни правци и се движеа кон плоштадот „Независност“ пред зградата на Владата.
Влезот на плоштадот „Независност“ беше блокиран од полициски возила и безбедносни сили.
Одвреме навреме се случуваа инциденти меѓу безбедносните сили и демонстрантите пред белорускиот Комитет за државна безбедност (KGB).
Полицијата почна да ги приведува демонстрантите кои не сакаа да си заминат.
Локациите на историските споменици на градот и Министерството за внатрешни работи беа опкружени со бодликава жица.
Во подрачјето каде што се одржуваа демонстрациите прекината е интернет конекцијата.
Во некои градови во земјата започнаа протести на градските плоштади.
Откако актуелниот претседател Александар Лукашенко победи на претседателските избори одржани во Белорусија на 9 август, започнаа протести со образложение дека изборите се изманипулирани.