Servet Günerigök
06 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, отпадна од листата на 400-те најбогати луѓе во Америка на списанието „Форбс“, првпат по 25 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Богатството на поранешниот американски претседател, чиј најголем дел го сочинуваат недвижнини, се проценува на 2,5 милијарди долари.
„Могулот за недвижности е богат исто како и пред една година, кога беше рангиран на 339. место на листата, но загуби 600 милиони долари од почетокот на пандемијата“, наведува „Форбс“.
Од 1997 до 2016 година Трамп имаше место во првите 200 на оваа листа.