İnci Gündağ
16 Јуни 2017•Ажурирај: 17 Јуни 2017
ЛОНДОН (AA) - Бројот на лица кои смртно страдаа во пожар кој во среда зафати повеќекатна зграда во Лондон, се зголеми на 30, јавува Anadolu Agency (AA).
Во тек е потрагата по телата на жртвите кои страдаа во пожарот кој уништи 12-катна зграда на западот на Лондон. Вклучени се и кучиња трагачи, но од противпожарната служба не очекуваат дека некој ќе биде пронајден жив.
Од полицијата изразија загриженост дека бројот на мртвите би можел да биде зголемен. Истакнаа дека 12 лица се во критична состојба.
Иако групата станари со години се жалела поради ризикот од пожар, сеуште не е позната причината за неговото избувнување.
Повеќе од 1,2 милиони долари се собрани за помош на жртвите, а бројни волонтери и хуманитарни организации цела ноќ обезбедуваа сместување и храна за станарите кои останаа без своите домови.
Премиерката Тереза Меј ги посети повредените кои се наоѓаат во болниците на лекување.