Diyar Güldoğan
04 Август 2016•Ажурирај: 04 Август 2016
АНКАРА (АА) - Едно лице е убиено, а петмина се повредени во напад со нож кој се случи синоќа во 22:30 часот во центарот на Лондон, јавува Anadolu Agency (AA).
Лондонската полиција тврди дека инцидентот се случил на плоштадот Расел во главниот град на Велика Британија. Станува збор за 19-годишно момче чиј идентитет не е познат, а кое е уапсено.
Како што пренесува Би-би-си, повикувајќи се на полициски извори, "менталното здравје на момчето игра значајна улога во целиот инцидент", додека други истакнуваат дека "не треба да се исклучи ниту можноста од тероризам".
Од последиците од ранување со нож на местото на нападот почина едно женско лице.
Новиот напад се случи по вчерашните најави на британските власти за вработување и распоредување на дополнителни 600 вооружени полицајци на улиците низ Лондон.