Ekip
22 Декември 2018•Ажурирај: 23 Декември 2018
ЛОНДОН (АА) - Лондонскиот аеродром „Гетвик“ се обидува да спроведе комплетен ред на летањето, откако полицијата уапси маж и жена, поради, како што рекоа, „криминална употреба на дрон“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено утринава од управата на аеродромот рекоа дека аеродромот е оперативен, но дека патниците пред доаѓањето, сепак го проверуваат статусот на нивните летови.
Полицијата на Сусекс вчера уапси двајца осомничени, но не го откри нивниот идентитет, како ни тоа каде ги лишила од слобода.
Аеродромот „Гетвик“ последен пат е затворен синоќа (петок навечер) на подолго од еден час, бидејќи повторно е воочено беспилотно летало во подрачјето на аеродромот. Официјалните претставници соопштија дека додатните воени напори обезбедиле сообраќајот од аеродромот да се продолжи.
Десетици илјади патници ги пропуштија своите летови од средата, кога започнаа проблемите со појавата на дрон во подрачјето на аердромот „Гетвик“, и тоа во моментот кога сообраќајот е густ поради Божиќ.
„Гетвик“ е втор најфреквентен британски аеродром оддалечен околу 43 километри од центарот на Лондон.