Muhammet Nazım Taşcı
02 Септември 2022•Ажурирај: 02 Септември 2022
ЧАРСАДА (АА)
- Мухамет Назим ТАШЧИ
Во пакистанската провинција Хајбер Пахтунхва граѓаните според своите можности се обидуваат да ги избришат трагите од катастрофата од поплавите.
Градот Чарсада кој има 1,6 милиони жители, беше сериозно погоден од поплавите кои се случија минатата недела.

Екипата на Агенција Анадолија (АА) влезе во регионот каде што патиштата се урнати, а селата се поплавени. Граѓаните со свои можности се обидуваат да ги избришат трагите од катастрофата.
Селото Затул во близина на градот Чарсада е целосно поплавено бидејќи се наоѓа на брегот на реката Џинди.
Нивото на водата во селото на одредени точки надминало 2-3 метри. Во некои улици водата сѐ уште не е повлечена.
- Патиштата се со кал и тиња
Се забележува дека селските патишта, лоцирани близу градот, се покриени со кал и тиња.
Селаните се обидуваат да ја испразнат калта во куќите по поплавите. Тие се пожалиле дека не добиле помош, и покрај тоа што помина повеќе од една недела по поплавата.

Селаните, исто така, нагласија дека нивните посеви биле оштетени од поплавата и ги загубиле животните.
Наведувајќи дека не можат да ги користат своите куќи бидејќи сѐ уште се полни со вода, селаните нагласија дека спијат на покривите од куќите и дека им е потребна чиста вода и храна.
- Властите не ги посетија
Алем Гир, кој живее во селото Затула Хан во близина на градот Чарсада, истакнувајќи дека неговата куќа била поплавена минатата недела, рече: „Градот се поплави на 26 август. Оттогаш никој не дојде да помогне.“
Посочувајќи дека неговите деца се болни, Гир нагласи дека жените спиеле на покривот од куќата, а тој спиел на улица.

- Живот во камп од шатори
Управата на Хајбер Пахтунва за погодените од поплавите изгради камп од шатори.
Во кампот, кој е изграден во Спортскиот комплекс „Чарсада“, има 120 шатори, а живеат околу 1.000 луѓе.
Жителите на кампот наведуваат дека им треба храна, чиста вода за пиење, тоалети и бањи.
Џавид Хан, кој живее во кампот, потсетувајќи дека неговата куќа била оштетена и во поплавата во 2010 година, рече дека сега повторно е оштетена.
Хан, наведувајќи дека во кампот им помагаат разни хуманитарци, рече дека не добиле поддршка од властите.

Аскер Али од селото Маџуку се осврна на тешкотиите во кампот, при што рече дека им помагале богатите и дека не можат да добијат редовна храна.
Нагласувајќи дека не можат да се вратат назад бидејќи немаат дом, Али подвлече дека се заглавени во кампот.
Икрам Ахмед во кампот е дојден од селото Шабара. Тој истакна дека неговата куќа е полна со вода, а животните му угинале поради поплавата, и додаде дека во кампот немаат храна и вода.