Erbil Başay
18 Јули 2021•Ажурирај: 19 Јули 2021
Бројот на загинати во поплавите кои како последица на обилните врнежи ја погодија западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска Област-Пфалц, се зголеми на 156, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според полициското соопштение, бројот на загинати во Рајнската Област-Пфалц, порасна на 110.
Се истакнува дека во поплавите се повредени 670 лица, и дека постои можност да се зголеми бројот на жртвите.
Министерството за внатрешни работи на покраината Северна Рајна-Вестфалија соопшти дека бројот на загинати во оваа покраина се искачи на 45.
Од друга страна, поројните дождови кои ги погодија јужните и источните зони на земјата, синоќа предизвикаа поплави.
Во зоната Берхтесгаденер-Ланд која се наоѓа во германската покраина Баварија е прогласена итна состојба поради поплавите и свлечиштата. Во ова подрачје загина најмалку едно лице, соопштија локалните власти.
Вкупниот број на починати како резултат на поплавите во земјата се зголеми на 156.