свет

Маж со палестинско знаме се искачи на лондонски Биг Бен

Тој од кулата го вееше палестинското знаме извикувајќи „Free, free Palestine“ (Слободна Палестина)

Ekipa  | 08.03.2025 - Обновена : 11.03.2025
Маж со палестинско знаме се искачи на лондонски Биг Бен Фото: Thomas Krych/АА

ЛОНДОН (АА) – Босоног маж кој во рацете носеше палестинско знаме се искачи на Кулата Елизабет, на која се наоѓа Биг Бен, во Вестминстерската палата во Лондон, Велика Британија, јавува Анадолу.

Тој од кулата го вееше палестинското знаме извикувајќи „Free, free Palestine“ (Слободна Палестина).

Службите за итни случаи, меѓу кои и Метрополитенската полиција, Лондонската противпожарна бригада и службата за брза помош, реагираа веднаш за да ја осигураат јавната безбедност.

Толпa луѓe се собра на Парламент сквер за да го следи настанот.

Инцидентот доведе до затворање на околните улици, меѓу кои и Бриџ стрит и северниот дел на Мостот Вестминистер.

Претходно, активисти од групата Палестинска акција испишаа „Газа не е на продажба“ на поранешниот терен за голф „Тарнбери“ на американскиот претседател Доналд Трамп во Шкотска, велејќи дека акцијата била директен одговор на неговиот план да го „преземе“ Појасот Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.