Ekip
24 Мај 2017•Ажурирај: 25 Мај 2017
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон ќе побара продолжување на вонредната состојба во таа земја, по нападот на концертот во Манчестер во кој загинаа 22 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Макрон во соопштението наведе дека од парламентот ќе побара продолжување на вонредната состојба од 15 јули, кога истекува моменталната вонредна состојба до 1 ноември. Доколку францускиот парламент го усвои овој предлог, тоа ќе биде шесто продолжување на вонредната состојба кое на полицијата ќе и даде поголеми овластувања.
Оваа одлука францускиот претседател ја донесе по вчерашниот состанок на кој највисоките официјални лица ги испитаа импликациите од најновиот терористички напад на мерките на заштита.
Макрон исто така побара од својата влада да го подготви нацрт законот со кој безбедносните мерки би биле зајакнати трајно по вонредната состојба.