Bayram Altuğ
23 Јуни 2017•Ажурирај: 24 Јуни 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Во епидемијата на колера во Јемен, во периодот од април годинава до денес починаа 1.265 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на Фондот на ОН за деца (УНИЦЕФ) во Јемен, Меритксел Релано, телефонски се обрати на прес-конференцијата во канцеларијата на ОН во Женева.
Релано истакна дека од 27 април до денес се регистрирани 179.548 случаи за кои постои сомневање дека се заболени од колера, а половина од тој број се деца.
„Очекуваме дека до крајот на август ќе наидеме на 300.000 сомнителни случаи и дека стапката на смртост ќе остане под еден отсто. До денес, во епидемијата на колера животот го загубија 1.265 лица“, изјави Релано истанувајќи дека четвртина од починатите се деца.
Портпатолката на Високијот комесаријат на ОН за човекови права (ОХЦР), Равина Шамдасани, истакна дека случаи на колера се забележани и во затворите во Јемен.
Поради неуспевањето на јеменското здравство да го спречи ширењето на колерата, организациите како Светската здравствена организација (СЗО), Црвениот крст и УНИЦЕФ во оваа земја испратија лекови за да се стави крај на епидемијата.
Поради внатрешните судири во Јемен, кои траат веќе две години, околу три милион лица се внатрешно раселени.