Dildar Baykan
23 Декември 2016•Ажурирај: 23 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Малта, Џозеф Мускат, соопшти денес дека е ослободена група на патници од киднапираниот авион на либиската компанија „Африкија Ервејс", јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведе преку социјалната мрежа Твитер, до сега се ослободени 65 патници, од вкупно 118 лица, кои се наоѓале во леталото. Ослободувањето на останатите патници, како наведе Мускат, ќе биде продолжено.
Од авиокомпанијата е потврдено дека двајцата осомничени киднапери биле подготвени да ги ослободат сите патници и членови на екипажот, освен пилотот.
Авионот од либискиот град Себха кон Триполи полетал во 10:10 часот по локално време, со 111 патници и седум членови на екипажот, а на аеродромот Луга во Малта слетал во 11:32 часот по локално време. Двајцата киднапери го сменија курсот на летот заканувајќи се дека ќе предизвикаат експлозија.
Последниот случај на киднапирање на авионот во Малта е забележан на 23 ноември 1985 година. Тогаш е киднапиран авионот од тип Боинг 737 на египетската национална авиокомпанија, а тројцата киднапери се обидоа леталото да го насочат кон Либија.
Слетувањето во Малта беше неминовно поради недостаток на гориво. Египетските војници интервенираа во Малта за околу 24 часа по киднапирањето, а при нивното влегување во авионот и пресметка со киднаперите загинаа 62 лица.