Ekip
03 Јуни 2017•Ажурирај: 04 Јуни 2017
ЛОНДОН (АА) - Аријана Гранде, американската поп ѕвезда, ги изненади посетувајќи ги своите фанови кои сѐ уште се наоѓаат на болничко лекување, а кои беа повредени во самоубиствениот напад кој беше изведен на 22. мај, по концетот на оваа музичка ѕвезда, јавува Anadolu Agency (AA).
Музичката ѕвезда ги изненади своите фанови посетувајќи ги додека се наоѓаат на болничко лекување, а кои беа повредени во самоубиствениот напад кој се случи на 22. мај во Манчестер по концетот кој го одржа оваа американска поп ѕвезда. Во вој напад животот го загубија 22 лица, а повеќе од 100 беа поведени.
Меѓу повредените имаше голем број на тинејџери. Гранде со 107 милиони свои следбеници на социјалната мрежа Истаграм ја сподели сфотографијата од нејзината посета на Кралската детската болница Манчестер (Royal Manchester Children's Hospital).
На фотографијата може да се види Гранде како ги прегрнува децата во болница. Картите за хуманитарниот концерт на американската поп ѕвезда Аријана Гранде, кој ќе се одржи во недела во Манчестер, распродадени се за 6 минути.
На хуманитарниот концерт „One Love Manchester" (Една љубов Манчестер), покрај Аријана Гранде ќе настапуваат и Џастин Бибер, Кети Пери, Ашер, Фарел Вилијамс, Мајли Сајрус, Тејк Дет, Најл Хоран и многу други.