Zehra Ulucak
03 Јуни 2017•Ажурирај: 04 Јуни 2017
СИНГАПУР (АА) - Џим Матис, министер за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД), изјави дека Северна Кореја со развивањето на нуклеарната програма за вооружување, продолжува да биде отворена опаснот и закана за САД и другите земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Матис престојува во Сингапур каде ќе учествува на Азискиот безбедносен Самит 2017 и во таа пригода одговараше на прашањата на новинарите. Во разговорот со новинарите, Матис зборуваше и за развивањето на нуклеарната програма за вооружување од страна на Северна Кореја.
„Развивањето на нуклеарното вооружување од страна на Северна Кореја претставува закана за САД и другите земји. Тоа е отворена опасност”, рече Матис.
На прашањето на новинарите, дали САД би можел да изведе превентивен напад на Северна Кореја, без за тоа претходно да ја информира Јужна Кореја, Матис рече дека од економски и дипломатски аспект се вложуваат сите напори за да се запре оваа трка за развој на нуклеарно вооружување.