Ekipa
30 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската полиција објави дека во пожар во болница на западниот дел од градот загинале две лица, додека 15 се повредени, меѓу кои шест потешко, јавува Anadolu Agency (AA).
Повеќе од 200 пожарникари се борат со огнот во болницата Бергманшеил во Бохум, една од најголемите во подрачјето Рур. Во соопштението на полицијата се додава дека пожарот избил утринава, околу 2:30 часот, во соба за пациенти на шестиот кат.
Болницата Бергманшеил е изградена во 1888 година за лекување на повредените во рудниците за јаглен во подрачјето на Рур. Се смета за една од првите светски клиники специјализирани за несреќни и итни случаи.