Tevfik Durul
11 Септември 2020•Ажурирај: 12 Септември 2020
АТИНА
Грција го негира состанокот на воените делегации на Турција и Грција во Воената команда на НАТО, а на кој е разговарано за „методите за разграничување“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Грчката службена агенција АНА, повикувајќи се на дипломатски извори во Атина, објави дека грчката делегација не воспоставила дијалог со турските власти.
Грчки дипломатски извори ја негираат размената на мислења на состанокот на кој се разговараше за мерките за спречување на можното мешање меѓу воените елементи.
Наведоа дека еден грчки офицер влегол во Кабинетот на претседавачот на Воениот комитет на НАТО за да му ја предаде проценката од предлогот на генералниот секретар на НАТО за можниот механизам за намалување на напнатоста.
Изворите тврдат дека со турскиот офицер не е воспоставен дијалог и дека шефот на Воениот одбор од грчкиот офицер побарал низа објаснувања за поднесените оценки.
Грчки извори тврдат дека на техничкиот состанок не се разменети ставови.
Од Министерството за одбрана на Турција синоќа беше соопштено дека е завршен техничкиот состанок на воените делегации на Турција и Грција кој Воената команда на НАТО претходно го имаше пролонгирано, а на кој е разговарано за методите за разграничување.
Наведено е дека состанокот е завршен и дека се разменети ставови за мерките за спречување на можното мешање меѓу воените елементи. За наредните денови е планиран следен состанок.
Грција се обиде нелегално да го ограничи турското поморско подрачје, обидувајќи се да го исцрта кај своите брегови на малите грчки острови во близина на турскиот брег.
Турција тврдеше дека двете страни би требало наместо тоа да водат дијалог за да се постигне најдобро решение засновано на чесна поделба.
Грција неодамна спроведе воени вежби, во кои учествуваше и Франција, чија цел е заплашување на Турција, со цел да ги запре енергетските истражувања. Исто така, Грција нелегално ги вооружи егејските острови, прекршувајќи ги долготрајните мировни договори.
Неодамнешниот договор на Атина за поморското разграничивање со Египет исто така го крши континенталниот појас на Турција и нејзините поморски права, што предизвика дополнителни тензии меѓу двата соседи.
Турција, земја со најдолг брег на Медитеранот, испрати наменски бродови за да изврши енергетски истражувања во својот континентален појас, велејќи дека Турција и Турска Република Северен Кипар (TRNC) имаат права во тој регион.