Mahmoud Barakat
21 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
НИНИВА (АА) - Вооружените сили на Ирак утринава, во северниот дел на земјата открија масовна гробница со остатоци од најмалку 73 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Гробницата e откриена во Синџар, западно од Мосул, а во неа се закопани цивили убиени од страна на терористите на ДЕАШ за време на тригодишната окупација на градот, изјави ирачкиот воен офицер Џамал ал-Дауди.
Ал-Дауди додаде дека меѓу жртвите имало најмалку шест деца, 23 жени и 13 стари мажи.
Синџар е мало гратче населено од локалното етно-религиско малцинство Језиди. По тригодишната окупација од ДЕАШ, Синџар беше ослободен во август оваа година, кога обединетите ирачки сили ги поразија терористите на ДЕАШ во Мосул и во другите соседни градови.