Ekipa
21 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Администрацијата на Доналд Трамп ја заврши програмата за издавање привремен престој, со која околу 60.000 жители на Хаити добија дозвола да живеат и да работат во САД, по катастрофалниот земјотрес од 2010 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Одделот за домашна безбедност најави дека условите на Хаити се значително подобрени, така што бенефицијата последен пат е продолжена до јули 2019 година, за Хаиќани да имаат доволно време да се подготват за враќање дома.
Правните застапници на жителите на Хаити ја критикуваа одлуката, тврдејќи дека условите на островската земја не се доволно подобрени за да можат нивните штитеници да бидат депортирани.
Иако по земјотресот на Хаити беше забележан напредок поттикнат од меѓународната помош, оваа земја и понатаму е една од најсиромашните во светот.
Околу една четвртина од населението на Хаити живее со 1,23 долари и помалку на ден.