Muhammed Bilal Kenasari
21 Март 2018•Ажурирај: 22 Март 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот сенатор од Аризона и поранешен претседателски кандидат на Републиканците, Џон Мекејн, го критикуваше претседателот Доналд Трамп поради честитките што ги упати до рускиот претседател Владимир Путин, по повод победата на претседателските избори во Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Американскиот претседател не може да предводи слободен свет честитајќи им победа на диктатори на лажни избори“, порача Мекејн, во пишана изјава.
Исто така, наведе дека телефонскиот повик на Трамп со Путин претставува понижување на луѓето што се 'жртви' на изборите во оваа земја.
„Трамп со телефонскиот повик до Путин, го понижи секој државјанин на Русија на кој му беше одземено правото да гласа, вклучувајќи ги и руските патриоти што протестираат против режимот на Путин“, смета Мекејн.
Американскиот претседател Доналд Трамп, потврди дека на Путин му упатил честитки за претседателските избори, кои беа одржани во неделата, 18 март. Исто така, додаде дека во скоро време ќе се состане со Путин.