Hakan Çopur
21 Март 2018•Ажурирај: 21 Март 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Најмалку едно лице е рането во експлозија на бомба што се случи рано утрово во трговски центар во Остин, главниот град на американската сојузна држава Тексас, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалната полиција соопшти дека во трговскиот центар експлодирала бомба, сокриена во пакет, и дека најверојатно станува збор за поврзан случај со уште неколку слични напади што се случија во Тексас во изминатите три недели.
Напаѓачите испраќаат анонимни пакети со темпирани бомби, а во изминатите три недели во Остин се забележани четири такви случаи, додека еден таков напад се случи во Сан Антонио.
Во нападите животот го загубија најмалку две, а ранети се четири лица.
Истрагата за бранот напади во Тексас е во тек, а локалните извори тврдат дека најверојатно станува збор за расистички напади, бидејќи цели на нападите најчесто биле граѓани од афроамериканската заедница.
Полицијата вети и парична награда во износ од 115.000 долари за информации што би можеле да доведат до откривање и фаќање на сторителите на сериските напади.