Muhammet Nusret Altun
28 Август 2019•Ажурирај: 29 Август 2019
МЕКСИКО (АА) - Дваесет и три лица загинаа како резултат на подметнат пожар во бар во државата Веракруз, во јужниот дел на Мексико, пренесува Anadolu Agency (AA).
Властите на крајбрежниот град Коацакоалкос во Веракруз истакнаа дека е подметнат пожар во барот „Кабало бланко“.
Во пожарот загинаа вкупно 23 лица, меѓу кои 8 жени, а 13 лица се повредени.
Операциите за приведување на напаѓачите продолжуваат.
Во изјавата од Канцеларијата на Обвинителството се вели дека се сомневаат дека пожарот во барот избувнал како резултат на фрлените Молотови коктели.
Гувернерот на Веракруз, Џутлахуа Гарсија, изјави дека причината за нападот може да биде спор меѓу банди.