Dmitri Chirciu
28 Август 2019•Ажурирај: 29 Август 2019
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, за авганистанското прашање истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) и нивните сојузници спроведуваат двојни стандарди во врска со терористичката организација ДЕАШ, која се наоѓа на листата на терористички организации на Обединетите нации (ОН), јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров во Москва оствари средба со министерот за надворешни работи на Индија, Субрахманијам Џаишанкар, по која двајцата министри одржаа заедничка прес-конференција.
Шефот на руската дипломатија нагласи дека не треба да се спроведуваат двојни стандарди во врска со авганистанското прашање.
„САД и нивните сојузници спроведуваат двоен стандард во врска со терористичката организација ДЕАШ, која се наоѓа на листата на терористички организации на ОН. Нашите партнери од Западот, искористувајќи ја оваа терористичка група, се обидуваат да ги постигнат нивните геополитички цели во врска со Авганистан“, додаде Лавров.
Тој рече дека Русија ќе продолжи да нуди помош за авганистанската Војска, со цел да ја осигури безбедноста.
Шефот на индиската дипломатија, Џаишанкар, истакна дека Авганистан треба да биде независна и стабилна земја, и додаде: „Авганистанскиот народ може да ја определи иднината на Авганистан“.