Zehra Ulucak
04 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
МЕКСИКО (АА) - Мексиканската државна нафтена компанија Пемекс откри нафтено поле во источната покраина Веракруз, за кое се претпоставува дека е најголемо во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација ја потврди претседателот на Мексико, Енрике Пења Нијето, за време на посетата на една од фабриките на Пемекс во покраината Идалго.
Нијето изјави дека Пемекс (Petroles Mexicanos) пронашол најголема резерва со нафта во последните 15 години, и дека се работи за поле со капацитет од околу 350 милиони барели непреработена нафта.
Од Пемекс порачаа дека е многу значајно што нафтеното поле е откриено во близина на регионот Косамалоапан кој е во близина на нафтоводоти дека нафтата поради тоа многу брзо и ефикасно ќе биде транспортирана.