Ekip
04 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
ДАКАР (АА) - Официјалните претставници на Црвениот крст и Цвената полумесечина соопштија дека од заедничкиот фонд исчезнале околу 6 милиони долари помош наменета за борба против избивање на епидемија на ебола во западна Африка, сомевајќи се дека станува збор за измама, јавува Anadolu Agency (AA).
Во еден претходен случај, внатрешната контрола спровела истрага во која е откриена „веројатна соработка” меѓу вработените во банките и поранешниот персонал на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC). Во соопштението се наведува дека во тој случај исчезнале 2 милиони долари.
IFRC рече дека соработува со Комисијата за борба против корупција во Сиера Леоне, за да „го истражи случајот и легално бидат процесуирани сите лица кои се вмешани”.
Други истраги покажува сомнеж за измама во две најтешко погодени земји од епидемијата на ебола во период од 2014 до 2016 година. Во Гвинеја исчезнале најмалку 1 милион долари поради лажни постапки за плаќање на странки за давање услуги при царинење. Истрагата е во тек.
Повеќе од 11.000 луѓе во светот починаа за време на најголемата епидемија на ебола.