Emel Öz Gözellik
09 Февруари 2018•Ажурирај: 09 Февруари 2018
МЕКСИКО (AA) - Во текот на акцијата спроведена во мексиканскиот Веракруз поради киднапирање и убиство уапсени се 19 полициски службеници, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернероот на Веракруз Мигел Ангел Јунес изјави дека меѓу уапсените се наооѓаат и поранешни полицајци. Истакна дека се уапсени поради грабеж и убиство на 15 невини лица, кое се случило во период од 2010 до 2016 година.
Јунес рече дека полицајците работеле за дилери и дека овие, како што нагласи тој, корумпирани полицајци се ставиле во служба на криминалците.