Aida Cako
23 Јули 2025•Ажурирај: 24 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) – Градската жичница долга 10,6 километри, призната од Гинисовата книга на рекорди како најголема од ваков тип, нуди панорамски погледи на шареноликите населби во Мексико Сити, јавува Анадолу.
Жичницата, која секојдневно превезува над 90.000 патници, поврзува некои од подрачјата кои се со ограничен пристап до услуги, го намалува времето за патување до работа и jа подобрува пристапноста.
Жичницата претставува не само практично решение за јавниот превоз, туку и единствена перспектива за набљудување на урбаниот пејзаж на еден од најголемите градови во светот.
Со подобрена пристапност и зголемена мобилност, системот придонесува за намалување на сообраќајниот метеж и олеснување на секојдневниот живот на жителите од периферните делови на градот.