Ekip
23 Јули 2016•Ажурирај: 24 Јули 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека службите за безбедност во оваа земја ќе сторат се што е можно да се заштити безбедноста и слободата на сите луѓе во Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел денес во Берлин изјави дека нападите во возот во понеделник и вчерашниот напад во трговскиот центар во Минхен, се случиле „на места каде секој од нас би можел да биде и ги оставија да се запрашаат Германците каде се безбедни”?
Со овие напади и нападот кој се случи во Ница луѓето се се повеќе загрижени, нагласи канцеларката.
„Со такви вечери и ноќи е тешко да се носиш”, изјави Меркел за нападот во Минхен и додаде:
„Со тоа е уште потешко да се носиш бидејќи имавме страшно лоши вести во само неколку дена”.