Granit Osmani
23 Јули 2016•Ажурирај: 24 Јули 2016
СКОПЈЕ (AA) - Денес на местото на настанот каде се случи оружениот напад во Минхен во Германија излегоа стотици граѓани да им оддадат почит на жртвите положувајќи цвеќиња и молејќи се за нив, Аnadolu Agency (AA).
На местото на трагедијата со цел оддавање почит на жртвите денес беше и претседателот на Исламскиот форум во Минхен, Бењамин Идриз од Скопје, кој во изјава за АА ја искажа својата вознемиреност, како и стравот и несигурноста која владее во градот и пошироко.
„Вчера бев во близина на џамијата, по што примив информација дека нападот се случува тука некаде блиску, потоа, луѓето почнаа да бегаат од улиците и влегоа во џамиите за да се засолнат. Имаше околу 30 лица, поголемиот дел немуслимани, имаше и туристи. Поради тоа што градот беше блокиран, не функционираше јавниот ниту воздушниот транспорт. Некои од нив, ноќта ја поминаа во џамијата", рече Идриз, имам во џамијата Пенцберг, додавајќи дека вчера се покажа и голема солидарност наведувајќи дека сите цркви и џамии ги отворија своите врати.
Тој понатаму нагласува дека не можел да стапи во контакт со семејствата на жртвите, но ја дели болката со нив и изрази сочуство со семејствата на загинатите. Рече дека се надева дека ќе го посети ранетиот од Бујановац кој е на лекување во болница.
„На местото на трагедијата се појавија голем број Албанци. Ова е голема трагедија за Албанците поради тоа што се убиени тројца млади лица, Албанци (две девојчиња и едно момче). Денес ситуацијата е мирна, но напната", вели имамот Бењамин Идриз, кој порача:
„Овој настан покажува дека навистина недостасува соодветна домашно воспитување на децата, кои се појавуваат како вознемирувачки феномен насекаде во светот каде што луѓето се чувствуваат исплашени, но во исто време на овој настан покажа солидарност, каде што сите изразија подготвеност да помогнат. Црквите и џамиите, исто така, ги отворија вратите за засолнување. Се надевам и се молам ваквите настани да не се случуваат никаде во светот ", заклучи имамот од Скопје.
Инаку, во терористички напад кој се случи вчера во трговски центар во Минхен беа убиени девет лица од кои три тинејџери Албанци од Косово, а еден Албанец од Бујановац беше ранет.