Bayram Altuğ
02 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
ЖЕНЕВА
БАЈРАМ АЛТУГ
Поминаа четири години од смртта на детето Алан Курди, кој се удави во морето и стана симбол на драмата на имигрантите. Обединетите нации (ОН) соопштија дека од 2014 година досега, во светот 32.741 нерегуларен мигрант ги загубиле своите животи, а од тие мигранти 688 загинале во Источниот Медитеран. Од вкупниот број, 1.654 биле деца.
По инцидентот што резултираше со смрт на 5 лица, меѓу кои и на сириското дете Алан, како резултат на потонување на бродот во областа Бодрум на 2 септември 2015 година, драмата на имигрантите во Егејското Море и Медитеранот сè уште не заврши.
Иако објавувањето на фотографијата со безживотното тело на детето Алан создаде шок во целиот свет, досега не е решен проблемот со нерегуларните мигранти. Покрај возрасните, и бебињата продолжуваат да умираат по имиграционите патишта.
Јулија Блек, координаторката на проектот „Исчезна имигранти“ на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), подружница на ОН, за дописникот на АА ги сподели податоците за последните 5 години.
Блек истакна дека од 2014 година до денес во светот 32.741 нерегуларен мигрант ги загубиле своите животи, вклучувајќи и 1.654 деца. Според Блек, во последните 5 години 18.827 нерегуларни мигранти загинале во море, од кои 1.589 во Источниот Медитеран. Од нив, 688 биле деца.
Наведувајќи дека во Источниот Медитеран во овој период загинале 450 деца, Блек наведе дека бројот на починати деца можно е да е поголем од таа бројка.
Повикувајќи на спроведување на политиките за да се гарантира „безбедна и уредна“ рута за нерегуларните мигранти, Блек рече: „Меѓународната организација за миграција во повеќе наврати ја истакна потребата да се стави крај на ужасите од смртните случаи на имигрантите.“
- Смртните случаи не забавија ниту во 2019 година
Според податоците на ИОМ, и оваа година 909 нерегуларни имигранти ги загубија своите животи, обидувајќи се да стигнат до европскиот брег заради подобар живот. Организацијата соопшти дека 339 луѓе го загубиле животот од давење, 85 од нив од хипотермија, а за другите, исто така, се проценува дека причина за смртта била давење.
Оваа година, 529 нерегуларни мигранти починаа во Америка, 185 во Африка, 29 во Азија и 85 на Блискиот Исток, обидувајќи се да емигрираат следејќи ги соништата.
Привлече внимание тоа што 266 од имигрантите загинале на границата помеѓу САД и Мексико.
Од страна на организациите за човекови права се критикуваат политиките за имиграција на Европската Унија (ЕУ) и на САД, бидејќи смртта на нерегуларните мигранти се перципира како „статистика“.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека ќе се гради ѕид на границата со Мексико, додека земјите од ЕУ, особено Италија, ги затворија своите врати за нерегуларните мигранти.
- Турција продолжува да биде пример во светот
Турција продолжува да биде пример за целиот свет како домаќин на милиони Сиријци, што избегаа од војна и конфликт, како и за граѓаните на другите земји во светот.
Мелиса Флеминг, портпаролката на Високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР), минатата недела во изјавата за медиумите ја покажа Турција како пример за политиката кон имигрантите и се заблагодари.
Во Бодрум, на 2 септември 2015 година, загинаа 5 лица, меѓу кои и сириското 3-годишно дете Алан Курди, како и неговиот брат и мајка, како резултат на потонувањето на гумен чамец со кој се обидуваа да преминат во Грција.
Фотографијата од безживотното тело на детето Алан на брегот уште еднаш го покажа ужасното лице на војната во Сирија.