Ekip
23 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
ЛОНДОН (AA) - Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, изјави дека на полицијата ѝ е познат индентитетот на напаѓачот кој вчера уби четири лица, меѓу кои и полицаец, и оти станува збор за роден Британец, пренесува nadolu Agency (AA).
Иако не го откри идентитетот на напаѓачот, Меј истакна дека претходно тој бил под истрага за поврзаност со екстремизам, но дека е сметан за периферна фигура.
Меј наведе дека полицијата верува оти напаѓачот дејствивал сам и дека нема причина за верување дека се планираат непосредни понатамошни напади.
Обраќајќи им се на пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент, Меј упати повик Велика Британија да не се плаши, и вчерашниот настан го нарече: „… чин на тероризам кој се обиде да ја замолчи нашата демократија“.
Лондонската полиција претходно соопшти дека верува оти напаѓачот кој вчера уби четири лица, меѓу кои и полицаец, е инспириран од меѓународниот тероризам.
Полицијата информираше дека во овој напад загинаа 5 лица, меѓу кои и напаѓачот, а 40 лица се ранети.
Марк Роули, заменик-комесар на британската полиција одговорен во одделот за борба против тероризмот во Англија, рече дека е извршен претрес на шест адреси и дека се уапсени седум лица во врска со вчерашниот напад, кога маж во СУВ возило прегази пешаци на мостот Вестминстер пред да удри во оградата од зградата на Парламентот.
Потоа тој излезе од возилото и со нож фатално рани полицаец.
Роули одби да го индентификува напаѓачот.