Ata Ufuk Şeker
14 Септември 2023•Ажурирај: 19 Септември 2023
БРИСЕЛ (АА) - Земјите членки на Европската Унија (ЕУ) минатата година произведоа приближно 14,7 милиони велосипеди, јавува Анадолу.
Генералниот директорат за статистика на ЕУ (Еуростат) објави податоци за производството на велосипеди во земјите на ЕУ за 2022 година.
Производството на велосипеди во земјите на ЕУ минатата година е зголемено за 10% во однос на претходната година и достигна 14,7 милиони велосипеди.
Производството на велосипеди е зголемено за 29% во периодот 2012-2022 година.
Португалија произведува најмногу велосипеди меѓу земјите членки на ЕУ.
Во оваа земја минатата година се произведени 2,7 милиони велосипеди. По Португалија следуваат Романија со 2,6 милиони, Италија со 2,5 милиони, Германија со 1,7 милиони и Полска со 1 милион произведени велосипеди.