Atila Altuntaş
03 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Mинатата година во Шведска се самоубиле 12 деца бегалци без придружник , се вели во извештајот објавен од страна на институтот Каролинска кој се наоѓа во шведскиот главен град, Стокхолм, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот се наведува дека повеќето од овие деца за кои станува збор, се со потекло од Авганистан, и дека одбивањето на нивните барања за азил ги поттикнало на самоубиство.
Еленор Митендорфер Рут, специјалист за ментално здравје и социјални услуги, кој го подготви овој извештај, рече дека децата кои се самоубиле, во минатото доживеале големи трауми, и дека за време на миграцијата биле изложени на малтретирања и насилство.
Во соопштението на Психијатрискиот центар за млади и деца (PUP) се вели дека бројот на децата бегалци кои се самоубиле, не ја одразува вистината, и дека состојбата е уште полоша.
Според податоците на Канцеларијата за бегалци, во 2015 година во Шведска дошле 35.360 деца бегалци без придружник, во 2016 2.199, додека во 2017 година ова бројка се намалила на 1.334 деца.