Övünç Kutlu
03 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
ЊУЈОРК (АА) - Поради силниот дожд, ветер и бура кои вчера го зафатија североисточниот дел на САД, откажани се повеќе од 5.500 летови, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на американскиот „FlightAware", вчера ширум земјата беа откажани 5.536 летови, а на 17.000 летови имаше доцнења.
Во соопштението на управата на вториот најголем аеродром во Њујорк, вчера во попладневните часови беа запрени сите летови.
И на Меѓународниот аеродром "John F. Kennedy" од 23:00 часот по локално време се откажани 462 лета.
И најголемата железничка компанија во земјата Amtrak наведе дека го запреле сообраќајот на возовите меѓу Њујорк и Бостон.
До сега како последица на неповолни временски услови смртно настрадаа најмалку пет лица. Повеќе од милион се без електрична струја.
За 22 милиони лица на североисточиот дел на земјата издадено е предупредување од поплави. Официјалните лица навеудваат дека граѓаните кои живеат на брегот до морето во секој момент да бидат подготвени за евакуација.