Ekipa
30 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
ВАРШАВА (АА) - Министерот за надворешни на Полска го поддржува претседателот на САД, Доналд Трамп, кој го забрани влезот на мигрантите во САД, додавајќи дека секоја суверена држава има право самостојно да одлучи за сопствената миграциона политика, пренесува Anadolu Agency (AA).
Витолд Вашчиковски изјави дека ниту една држава нема обврска да ги прифати мигрантите и дека Трамп како избран претседател има право да воведе забрана.
Вашчиковски ова го изјави вчера, во интервју за приватниот телевизиски канал „Полсат њуз“.
Полскиот министер доаѓа од конзервативната влада која силно се противи на прифаќањето на муслиманските бегалци.
Полска минатата година одигра клучна улога во попречувањето на напорите на Европската Унија бегалците да се распоредат низ целиот блок.
Трамп потпиша привремена забрана за влез на бегалците во Соединетите Американски Држави (САД) и влез на странски државјани од седум муслимански земји.
Оваа одлука е критикувана од страна на светските официјални лица, а предизвика и бурни протести низ Соединетите Американски Држави.