Betül Yürük
30 Јануари 2017•Ажурирај: 31 Јануари 2017
ЊУЈОРК (АА) - Државните обвинители на 16 сојузни држави во САД објавија заедничко известување во кое го осудуваат декретот со кој им се забранува влез во САД на граѓаните од 7 муслимански земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителите го осудија декретот што го потпиша Трамп, со кој им се забранува влез во САД на граѓаните од некои муслимански земји, и во известувањето истакнаа дека тој е спротивен на Уставот и на вредностите на САД и е незаконски“.
- „Го осудуваме декретот кој е во спротивност со вредностите на САД и е противзаконски“ -
Во соопштението се вели: „Како јавни обвинители на повеќе од 130 милиони Американци и странци кои живеат во овие сојузни држави, го осудуваме декретот кој е во спротивност со Уставот и со вредностите на САД и е противзаконски“.
Во заедничкото соопшение се вели дека еден од основните принципи на САД е верската слобода, дека тоа така ќе остане засекогаш и оти ниту еден претседател не може да ја промени таа реалност.
Соопштението е потпишано од јавните обвинители на сојузните држави Њујорк, Вашингтон, Калифорнија, Пенсилванија, Масачусетс, Хаваи, Вирџинија, Орегон, Конектикат, Вермонт, Илиноис, Њу Мексико, Ајова, Мериленд, Мејн и Вашингтон.
- Уште 4 сојузни судови го суспендираа декретот на претседателот Трамп -
Во меѓувреме, 5 федерални судови го суспендираа претседателскиот декрет според кој пристигнатите странци на аеродромите треба да бидат приведени и депортирани.
По федералниот суд на Њујорк, уште 4 федерални судови го суспендираа претседателскиот декрет со кој во наредните 90 дена им се забранува влез во САД на граѓаните од 7 муслимански земји.
И федералните судови на Калифорнија, Вирџинија, Вашингтон и на Масачусетс донесоа одлука со која при влез во државата им се дозволува да останат во САД на граѓаните кои се опфатени со претседателскиот декрет.
По тужбата што ја подигна група адвокати од Унијата на американски невладини организации за ослободување на двајцата ирачки граѓани приведени на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ и за запирање на одлуката поврзана со бегалците и имигрантите, федералниот судија на Њујорк, Ен Донели донесе одлука за суспензија на декретот со кој привремено се забранува влез на граѓани од одредени земји во САД и се дозволува нивно привремено останување во државата.