Ahmet Furkan Mercan
07 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во рамки на посетата на Алжир се состана со премиерот на Алжир, Абделазиз Џерад, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу упати честитки до Џерад поради новата Влада.
Исто така, шефот на турската дипломатија се состана и со министерот за надворешни работи на Алжир, Сабри Букадум.
По тет-а-тет средбата, двајцата министри учествуваа на меѓуделегациската средба, во која Чавушоглу упати честитки до неговиот колега поради тоа што е дел од новоформираната Влада.
Чавушоглу укажа на соработката меѓу Турција и Алжир.
„Време е за развивање на билатералните односи во повеќе области, вклучувајќи ја и економијата“, додаде тој.
Турскиот министер, исто така, се осврна на важноста од соработката во регионалните прашања.
„Постојат настани што ги интересираат и двете земји. Веруваме дека доколку работиме заедно, ќе можеме да донесеме мир и стабилност“, рече Чавушоглу.