İdris Okuducu
20 Февруари 2017•Ажурирај: 20 Февруари 2017
БАГДАД (АА) – Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис пристигна во ненајавена посета на Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од Министерството за одбрана на Ирак, Матис пристигна во главниот град Багдад.
Оваа посета на Матис го привлече вниманието поради тоа што се случува на вториот ден од започнатата операција за ослободување на западниот дел на Мосул од терористичката организација ДЕАШ.
Матис ќе има средба со премиерот на Ирак, Хајдар ел-Ибади, а ќе разговараат на темата за борбата против ДЕАШ.
Матис е во посета на Багдад за првпат откако е на функцијата министер за одбрана.
Познато е дека САД имаат распоредено околу 6 илјади војници низ целата територија на Ирак.